ЈАНЕВА БАРАЛА ОД СВОИТЕ КОЛЕГИ ПАРИ ОД „ЗАЕДНИЧКИ ФОНД“ ЗА СВОЈАТА ОДБРАНА?

Ново писмо од Катица Јанева пристигнало на „Рузвелтова 34“. Според информации на Сител, поранешната специјална обвинителка во писмото навела неколку барања.

Освен да ги добие личните предмети, Јанева пишувала и за таканаречениот „заеднички фонд“ на специјалното обвинителство, со кој таа лично управувала.

Неофицијално сакала тој буџет да се користи за покривање на трошоци за нејзина одбрана во текот на кривичната постапка.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, вели дека нема информации за такво писмо.