Историјата се повторува како фарса
Пишува: Љупчо Куртелов/БГНЕС
Во предвоена Југославија бевме Вардарска Бановина или неофицијално Јужна Србија. По Втората светска војна во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија /СФРЈ/, како една од шесте сојузни единици, нашето име беше Социјалистичка Република Македонија. По осамостојувањето во 1991 година станавме Република Македонија, но само за внатрешна употреба. Нашето меѓународно име беше ФИРОМ.
Поранешна Југословенска Република Македонија. Со Договорот од Преспа со Грција станавме РСМ – Република Северна Македонија.
По пролетните избори и доаѓањето на власт на (Анти) ВМРО-ДПМНЕ и по тангото меѓу Мицкоски и Вучевиќ, имам чувство дека повторно ќе станеме Вардарска Бановина.
Единствена пречка за ваквата инволуција е албанскиот коалициски партнер во владата. Тоа го покажаа со своето ОТСУСТВО на свечениот пречек на српскиот премиер.
По кој пат тргнавме, Господ нека ни е на помош.
