Лидерите на земјите членки на Европската унија се блиску до изборот на социјалист Франсоа Тимерманс за претседател на Европската комисија и на Кристалина Георгиева за претседател на Европскиот совет. Ова го велат двајца неименувани дипломати, цитирани од Ројтерс.
Белгискиот премиер Шарл Мишел е фаворит да го заземе местото висок претставник на ЕУ за надворешни работи, велат дипломатите.
Манфред Вебер од Европската народна партија најверојатно ќе биде избран за претседател на Европскиот парламент, додаваат дипломатите.
Тие велат дека дискусиите се во процес на финализирање по повеќе од 18 часа, јавува БТА.