ВЕЧЕРВА ЗАВРШУВА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „СКОПЈЕ 2018“
Денеска, 12.6.2018 година, со натпреварите за трето и прво место завршува седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018“, кој изминатиов месец се одржуваше во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Настанот почнува во 19:00 часот со фудбалски натпревар меѓу училишните екипи од ОУ „Александар Македонски“ и ОУ „Димитар Македонски“.
За трето место ќе се натпреваруваат Фенрбахче Кичево – ТК Лока Фер Плеј со почеток од 20:00 часот, додека во финалето за победник на турнирот ќе настапат екипите на Маг Логистик – Компанија Атанасовски, од 21:00 часот.
Полуфиналните натпревари од турнирот во мал фудбал се одиграа вчера меѓу ТК Лока Фер Плеј – Компанија Атанасовски, како и Фенербахче Кичево – Маг Логистик.