ШТИПЈАНЕЦОТ МИРЗА СЕНДИЌ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ГОЛЕМАТА ММА НАДЕЖ НА ЦРНА ГОРА ДИМИТРИЈЕ ЏАНКИЌ
Штипјанецот Мирза Сендиќ на 16 јуни ќе настапи на ММА настанот МФЦ 7 во Бар, Црна Гора.
Нашиот натпреварувач ќе настапи во категоријата до 77 килограми, а ќе ги одмери силите со најголемата ММА надеж на Црна Гора, Димитирје Џанкиќ. Црногорец кој има 22 години е со импресивен скор од 4-1, а една од неговите победи е над Хрватот Лука Чурковиќ.
За порталот Ипон, Сендиќ изјави дека е запознаен со својот противник и неговиот стил на борење. Мирза додава дека се подготвил добро и дека ќе најде начин да излезе како победник од оваа борба. Нашиот натпреварувач не ја пропушти шансата да им се заблагодари на своите тренери Борче Пачемски, Дејан Богданов, Гордан Николов и Мартин Михајлов, а исто така и на спаринг партнерите Дарко Јорданов, Дејан Петриќ, Дарко Рунчев, Далибор Огнанов, Мики Николов, Боби Коцев, Иван Трајчев и Петар Воденски.
