Родољубиви Бугари од цела Америка се фрлија по крстот во езерото Мичиген по повод празникот Богојавление
Родољубиви Бугари од цела Америка и годинава ја зачуваа традицијата со фрлањето по крстот во ледените води на езерото Мичиген по повод празникот Богојавление. Ова преку социјалната мрежа Facebook го соопшти генералниот конзул на Бугарија во САД Светослав Станков.
„Рекордниот број од 38 учесници во христијанскиот ритуал, повторно го претстави Чикаго како најбугарскиот град во Америка“, пишува Станков.
За втора година по ред крстот од водите на езерото го извадил Штерјо Донев.
„Да е здрава и среќна 2023 г, за сите Бугари во Чикаго и во Америка. Да ве чува Господ“, пишува генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков.
