Заедничко оддавање почит кон ликот и делото на Венко Марковски во Софија

//

Заедничко оддавање на почит кон ликот и делото на Венко Марковски се одржало на 6 мај годинава на гробот на големиот поет. Ова го дознаваме од објава на неговата ќерка Султана Марковска на социјалната мрежа Facebook.

В.д. амбасадорот на РС Македонија во Бугарија Владимир Крстевски, поранешниот амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев, директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија Сашко Насев, заедно со потомокот на Гоце Делчев, маестро Христо Христов и бугарските поети Петар Андасаров и Димитар Христов традиционално на 6 мај се собраа да му оддадат почит на Венко Марковски.

„Гробот на мојот татко, бил и ќе биде место за оддавање почит, на сите добронамерни луѓе од неговата родна Македонија“, со овие зборови Султана Марковска, го завршила својот пригоден говор.





Претходна статија

Путин како реминисценција

Следна статија

Колев бара искреност од политичката елита во РС Македонија: Кажете јасно дека не сакате да се реши прашањето со Софија

Најново од Вести