ПОВЕЌЕ ОД 500 АМЕРИКАНЦИ ЗАТРУЕНИ ВО МЕКДОНАЛДС
Од Националниот центар за контрола и превенција на болести во САД соопштуваат за повеќе од 500 регистрирани случаи на труење со храна во рестораните на „МекДоналдс“ во 16 држави низ земјата.
Како што покажало епидемиолошкото испитување, најдено е присуство на микроскопскиот паразит Циклоспороз (Cyclospora cayetanensis) во салатата од морков и таканаречената „римска салата“.
Информации за десетици случаи на труење во американскиот „МекДоналдс“ почнаа да се појавуваат во средината на јули. Кај посетителите главно била дијагностицирана болеста циклоспороза, по што 24 лица биле хоспитализирани. Сите случаи на труење се потврдени со помош на лабораторниските испитувања.
Како резултат на ова, „МекДоналдс” ги сменил снабдувачите и ги повлекол опасните производи од повеќе од 3000 објекти, пренесуваат американските медиуми.

