| |

ОПОЖАРЕНА ФАБРИКАТА „ТЕСЛА“ ВО КАЛИФОРНИЈА

Пожар избувнал во четвртокот вечерта во фабриката за производство на електрични автомобили „Тесла“ во калифорнискиот град Фримонт, информираше претседателот на компанијата Илон Маск.

„Јас само што бев таму. Се запалиле картони собрани за преработка во јужниот дел на фабриката. Јас исклучително ги поздравувам пожарникарите за брзата реакција!”- напиша Маск на Твитер.

Според зборовите на Маск, како резултат на пожарот никој не е повреден. Фабриката исто така не претрпела поголеми штети.

Слични Објави