ЗАЕВ И МИЦОТАКИС ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ЗА ПРВ ПАТ ВО ВТОРНИК НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН
Премиерот Зоран Заев ќе се сретне за прв пат со својот грчки колега Киријакос Мицотакис на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во вторник, 24 септември, јавуваат грчките медиуми
Кирјакос Мицотакис денеска заминува за Њујорк, каде што ќе присуствува на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации, а освен со премиерот Заев, според информациите од Атина, предвидено е да се сретне и со претседателот на САД, Доналд Трамп и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателите на Србија, Косово, Кипар, Грузија и Колумбија и со премиерите на Албанија, Австралија, Индија и Ерменија, но и со Генералниот секретар на ОН.