| |

Б. ТРАЈКОВСКИ (ГДУ): „БИТОЛА Е ПРЕПОЛОВЕНА И Е НА КОЛЕНА“

Претседателот на Локалниот Клуб на Граѓанско Демократската Унија во Битола, Благојче Трајковски во својот синоќешен говор истакна дека неговата партија ќе биде контактот на граѓанскиот сектор и политиката.

Трајковски подвлече дека сите што се од Битола знаат какви пагубни политики за градот донесоа двете партии кои веќе 28 години управуваа со него.

Првиот човек на ГДУ во Битола истакна дека градот е преполовен и на колена, нешто што треба да се промени, а тоа според него може да стане само со домаќинско работење на луѓе кои навистина го сакаат градот.

Трајковски изјави дека неговиот тим ќе биде блиско до граѓаните и ќе работи колку што може за решавањето на нивните проблеми.

Слични Објави