| |

КОЛЕВ: „СДСМ И ДПМНЕ НИ ГО ЦИЦААТ ПОСЛЕДНИОТ ДЕНАР И ПОСЛЕДНАТА КАПКА КРВ“

„И ние, и европските институции и цел свет знае, дека се уште нашата татковина е киднапирана, бирократска, згазена држава, во која што партиските феодали од СДСМ и ДПМНЕ, ни го цицат последниот денар и последната капка крв, со коишто ние ги плаќаме не заради нив, заради тоа да имаме нормално здравство, нормално образование, нормален живот, не во странство, туку во нашата Татковина, во нашата Република Македонија“- изјави претседателот на Граѓанско Демократска Унија Петар Колев, во својот говор пред присутните на вчерашното откривање на локалниот клуб на неговата партија во Битола.

Колев изјави дека и покрај уверувањата дека во Македонија веќе нема политички притисоци, бркања од работа, корупција и непотизам, работите се сосема поразлични. Претседателот на ГДУ им се заблагодари на присутните за нивната храброст да станат дел од првите чекори на неговата партија во Градот на конзулите.



Слични Објави