НОВИТЕ МИНИСТРИ ДЕНЕСКА ГИ ПРЕЗЕМААТ СВОИТЕ ДОЛЖНОСТИ
Арбр Адеми напладне ќе ја преземе должноста министер за образование и наука од Рената Дескоска. Дескоска пак ќе го замени поранешниот министер за правда Билен Салији, кој поднесе оставка. Во Министерството за култура Роберт Алаѓозовски ќе му ја предаде фунцијата на Асаф Адеми. Функцијата министер без ресор од денеска ќе ја извршува Бардул Даути.