| |

ОСНОВАЊЕ НА ИНТЕРПАРТИСКА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА ПРАВАТА НА РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во Собранието на Република Македонија ќе биде основана и промовирана Интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија, во која ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.

Иницијатори на оваа идеја се пратениците: Самка Ибраимоски, Диме Велковски, Ирена Стефоска, Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Енес Ибрахим, Агим Муртезанов, Мирсада Емини-Асани, Ивана Туфегџиќ, Ѓулумсер Касапи, Павле Богоевски, Славица Шуманска-Митева, Соња Мираковска и Јулиана Николова.

Покрај пратениците, на средбата се поканети претставници на Амбасади и невладиниот сектор од оваа област.



Слични Објави