| |

Проф. д-р Ангел Димитров: РС Македонија мора да избере – да ја следи конфронтирачката традиција или да се ослободи од историскиот товар

Кон државността на денешна Република Северна Македонија има два историски правци. Едниот е бугарскиот – бришан, ограничуван, опседнат. Другиот правец е туѓ. Неговата вистинска улога е премолчена, а акцентот е ставен на неговата наводна сопствена улога. Оригиналните извори на оваа рута се Белград и Москва.

Ова во интервју за БНР го изјави проф. д-р Ангел Димитров – историчар и дипломат, поранешен амбасадор на Бугарија во РС Македонија. Пред неколку дена тој ја претстави својата книга „Бугарија и Република Северна Македонија – Средба меѓу историјата и политиката“.

Според неговите зборови, национализмот кој е присутен во доктрината на македонизмот го предодредува постојаниот слој на национализам во денешната млада држава РСМ. Запрашан како доктрината за македонизмот опстојува до денес, историчарот посочи дека има логика во тоа, иако е ранлива на сериозни анализи.

„Самото бегство, овој страв од самото спомнување на името на Бугарија – премиерот Мицкоски зборува за „источен сосед“, ова е тип на однесување. Вистината е дека тој страв е самоуништувачки. Дебугаризација не може да има, бидејќи има гени на меморијата“, вели Димитров.

Во 21 век, а особено по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство, луѓето со бугарска самосвест беа поттикнати да создаваат свои здруженија за остварување на нивните права. Токму тука е и големиот страв на дебугаризаторите, коментира проф.Димитров во емисијата „Сабота 150“.

Катарзата мора да се случи на полето на науката, а оттука и во политиката и во јавните ставови. Ова е неизбежно. Северна Македонија се соочува со сериозна дилема – дали да ја следи конфронтирачката традиција вградена во нејзиното минато, која ја претвора во нестабилен дел од Источна Европа и предмет на надворешни интереси или да се ослободи од овој историски товар што ја врзува за пропадното минато, рече проф. д-р Ангел Димитров.

Со признавањето на младата република, Бугарија покажа дека се ослободува од диктатите на инертноста во надворешната политика од комунистичкиот период, смета тој.

Слични Објави