Ковачев кон Мицкоски: Нема „бугарски диктат“, има преговарачка рамка со ЕУ
Не може да се занемари непријатното изненадување од првиот говор на Христијан Мицкоски како премиер на Северна Македонија. И покрај неговите постојани изјави дека по изборите ќе најде начин да го деблокира евроинтегративниот процес на РСМ, г. Мицкоски го прави токму спротивното. Ова го напиша европратеникот од ГЕРБ Андреј Ковачев по повод првите изјави на новиот премиер на РСМ Мицкоски, јавува БГНЕС.
„Можеби треба да потсетиме дека не станува збор за измени на уставот на РСМ „под бугарски диктат“, туку за преговарачка рамка предложена и поддржана од сите 27 земји-членки на ЕУ, а што е најважно, прифатена за имплементација од РСМ. !
Рамката, господине Мицкоски, мора да се спроведе! Сакаме РСМ да стане достојна членка на ЕУ и Бугарија секогаш ја поддржувала и ќе ја поддржува интеграцијата на нашите најблиски соседи и сонародници! Бугарија го поддржа нашите соседи со братски Договор за добрососедство и пријателство, потпишан во 2017 година од страна на господинот Бојко Борисов и господинот Зоран Заев. Овој договор и неговите протоколи мора да се спроведат – и ова е дел од преговарачката рамка. Бугарија не сака повеќе недоразбирање, туку добрососедство и просперитет! Бугарија и Македонија заедно во мирна и просперитетна Европска унија!“, напиша уште Ковачев.
