ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ ВО ПРИЛЕП
Вчера, на крстосница од улица „Сотка Ѓорѓиоски“ и улица „Стеван Димоски-Ништако“ во Прилеп се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(28) од Прилеп и мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц.Ц (20) од Прилеп.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Прилеп. Извршен е увид на местото.

