ЖЕНА ЈА ТУЖИ СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА ФЕЈСБУК ПОРАДИ СИЛУВАЊЕ
Една жена од Тексас го тужи Фејсбук бидејќи, како што тврди таа, макрото кое го запознала на оваа социјална мрежа ја силувал, тепал и сексуално искористувал кога имала 15 години, но и дека директорите на компанијата знаеле дека на социјалната мрежа се мамат малолетници за сексуална трговија.
Таа поднела тужба против Фејсбук и основачот на порталот Бекпејџ до судот во Хјустон, пренесува “Ројтерс”.
Во образложението од тужбата се наведува дека таа била “навлечена” на разговор со корисник кој на оваа социјална мрежа во 2012 година ѝ се претставил како пријател на неколку нејзини познаници.
Жената тврди дека мажот, откако во една пригода таа имала расправија со својата мајка, се понудил да ја утеши, но откако ја качил во автомобил, ја силувал и тепал и ги објавил нејзините фотографии на порталот Бекпејџ.
Се наведува и дека од социјалната мрежа не презеле мерки за да се верификува идентитетот на корисникот, за кој во тужбата се наведува дека бил лажен, а се додава и дека жртвата немала никаква идеја дека на социјалните мрежи оперираат трговци со сексуални услуги.
Агенцијата наведува дека ниту Фејсбук ниту порталот Бекпејџ биле достапни за коментар.
Извор: Точка
