ФРА ЃАВОЛО-УБИЕН ОД КОМУНИСТИТЕ ЗАРАДИ КАРИКАТУРА

//

Рајко Алексиев- Фра Ѓаволо е познат бугарски ликовен уметник, карикатурист и автор на фељтони. Роден е на 7 март 1893 г. во градот Пазарџик, во семејството на Никола и Стојанка Алексиеви. Никола Алексиев е учител и припадник на ВМОРО од Солун.

Рајко Алексиев е долгогодишен претседател на Друштвото на ликовните уметници во Бугарија и издавач на хумористичниот весник „Штурец“.

Како прв човек на Друштвото на ликовните уметници, харизматичниот карикатурист успева да обезбеди финансиска помош од државата за голем број луѓе поврзани со ликовната уметност, кои се наоѓале во тешка материјална состојба.

Алексиев е еден од омилените уметници на царица Елеонора, втората сопруга на бугарскиот цар Фердинанд Сакс-Кобург Гота.

Поради своите успеси на полето на уметноста и заради својот остар јазик Алексиев брзо успева да си создаде непријатели. За време на темните денови пред 9 септември 1944 г. Алексиев е убедуван да ја напушти Бугарија заедно со целото свое семејство, но тој одбива со зборовите:



„Јас не сум политичар. Јас ги покажував грешките на политичарите, се обидов со моите карикатури да го исмевам тоа што го прават некои политичари и е штетно за народот. Немам пари во странство. Редовно плаќав данок. Јас им позајмував на сите и им давав со двете раце. Јас не сум зел ништо од никого и не сум повредил никого. Јас не сум стаорец да го напуштам бродот кога тоне.“

Рајко Алексиев е уапсен од комунистичката милиција предводена од касапот на ВМРО Лев Главинчев, веднаш по 9 септември 1944 г. Причина за апсењето на Алексиев е негова карикатура во која е претставен Сталин, кој држи секира од која капе крв.

Талентираниот уметник е претепан до смрт на 18 ноември 1944 г, од комунистите. Во 1945 постхумно е осуден за „антисоветска“ и „прогерманска“ пропаганда од комунистичкиот „Народен суд“. Неговиот имот е конфискуван, а неговите дела и книги се забранети.

Реабилитиран е по падот на комунистичката власт во Бугарија во почетокот на 90-те години на минатиот век.



Претходна статија

Д-Р ПАНОВСКИ: ЗА КОВИД-19 НЕ ПРЕДВИДЕНО ПРЕВЕНТИВНО ДАВАЊЕ НА АНТИБИОТИЦИ

Следна статија

(ВИДЕО) БОРИСОВ ЗА ВЕТОТО: НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ МИСЛЕА ДЕКА СО ПРИТИСОК И ЛОБИРАЊЕ ЌЕ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ

Најново од Вести