ПРЕСУДА НА ЕСЧП ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА, 18.000 ЕВРА ЗА ПОВРЕДА НА ПРАВАТА НА ОСУМГОДИШНО ДЕТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда против Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби сместено во јавна установа и врзано за кревет поради безбедност, јавува МКД.мк

Дописникот на МИА од Стразбур јави дека случајот на Л.Р. против Македонија (предмет бр.38067/15) се однесува на Л.Р., дете сместено во јавна установа од и наводите за несоодветна и лоша грижа и третман кон него. Една невладина организација дознала за неговата состојба по посетата на Народниот правобранител во центарот каде престојувал во 2013 година и го нашле врзан за неговиот кревет.

Во својата пресуда на Судскиот совет 1 на ЕСЧП донесена денеска во овој случај, едногласно, заклучува дека имало повреда на член 3 (забрана за нечовечки или понижувачки третман) од Европската конвенција за човекови права, со образложение дека властите се одговорни за сместување на Л.Р. во установа која ги нема потребните ресурси да ги задоволи неговите потреби, затоа што не ја добил потребната грижа и нечовечките и понижувачки третмани на кои тој беше жртва.

Целиот напис прочитајте го овде.