УПРАВНИОТ ОДБОР НА МАНЧЕСТЕР Ј. ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ИДНИНАТА НА СОЛШЕР

Манчестер јунајтед синоќа загуби од Барнли со 2-0 на „Олд Трафорд“ со што клубот го има најлошиот скор по 24 одиграни натпревари во последните 30 години.

Поради ова Управниот одбор на клубот утринава имал состанок во клупските простории и се разговарало за иднината на менаџерот Оле Гунар Солшер. Челниците на клубот целосно го подржуваат Норвежанецот и не планираат негова смена и покрај потпросечните резултати сезонава.

Манчестер јунајтед моментално е на 5.место на табелата со 34 бодови или шест помалку од четвртопласираниот Челси. Клубот моментално е во фаза на реизградба на составот, па затоа целосната вина за резултатите не е само на Солшер. Не му направија услуга ниту повредите на најдобрите играчи како Маркус Рашфорд, Пол Погба и Скот Мектоминеј.

Извор: Спорт1