(Видео) Дело: Дали Владата на Република Македонија е согласна со тврдењето на српскиот министер Гашиќ дека Македонија е српска земја?
Деновиве Министерот за одбрана на Србија Братислав Гашиќ оддржа говор на врвот на Кајмакчалан по повод 108 години од битката на Кајмакчалан. Во говорот, помеѓу другото кажа и: “ Загинатите Срби во битката не можеа повторно да ја видат СРПСКАТА ЗЕМЈА“ .
Од врвот на Кајмакчалан НЕ може да се види Србија, туку се гледаат областите Мариово и дел од Пелагонија двете во Македонија, значи , војниците пред да загинат можеле да ја видат СРПСКАТА ЗЕМЈА (мисли на Македонија) ова според српскиот министер .
Здружение ДЕЛО Скопје, прашува дали Владата на Република Македонија е согласна со ова тврдење на српскиот министер (дека Македонија е Српска земја) и ако не, дали ќе очекуваме реакција или само селективно ќе настапуваат против реториката на државници на поедини земји?!