Наставничка во Аеродром малтретирала деца, тие ја бојкотираа наставата
Tри класа шестодделенци од вкупно четири во основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром наместо на час математика, ќе прават сè друго додека да поминат четириесетина минути. Родителите и децата одлучиле да ја бојкотираат часот со наставничката со која како што тврдат самите тие, подолго време имаат мака., објави Телма.
Почнувајќи од тоа дека не им ја објаснува добро материјата и сите имаат слаби оценки, па сè до навреди и психолошко малтретирање. Родителите се обиделе на различни начини да добијат институционална реакција за голготата на нивните деца, но засега не добиле никаков одговор. Повеќе на Телма.