|

Автобуси во струмичко фатени како превезуваат патници без документација

Автобус кој вршел јавен превоз на патници во Струмица, е фатен како сообраќа без соодветна документација. При контрола од полицијата, било утврдено и дека во автобусот имало повеќе патници од дозволениот број на патници што може да се превезуваат.

Додека, при контрола на патничките возила на магистралниот пат Струмица – Радовиш било утврдено дека лицата Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од с.Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација. За настаните биле запознаени Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и сообраќаен инспектор од општина Струмица. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Слични Објави