Отворен новиот објект на бугарскиот Културно-информативен центар

//

Отворена е новата зграда на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје. Новото седиште на Центарот кој е под капата на бугарското Министерство за култура е на улицата Никола Вапцаров.

-Со новиот објект на културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје да се отвори нова енергија во меѓусебните односи за културен натпревар и за победа на креативноста за Бугарскиот КИЦ во Скопје и нашиот во Бугарија кои имаат за цел да не доближат како народи и култури. Отворете ги ширум портите на културата – порача на отворањето министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

На отворањето присуствуваa бугарскиот министер за култура Велислав Минеков, амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија Дејвид Гир, Антонија Велева – директорка на Центарот за култура во Скопје, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и др.


Во Центарот е отворена и изложба која опфаќа слики од современи уметници од Северна Македонија и Бугарија. За доброто расположение на гостите на настанот се погрижија „Destiny Quartet“ и Нина Николина.



Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите од април 2003 година.



Претходна статија

Џафери во Тирана ја доби титулата „Doctor Honoris Causa“

Следна статија

Костадиновска-Стојчевска: Уметничката креативност нека биде поле за културен натпревар во кој победник е културата

Најново од Вести