| |

„Бугар да не стапне“- говор на омраза и повици за блокирање на црквата Св. Спас од страна на студентското друштво „Млади за Македонија“

Да не дозволиме ниту еден Бугар да не стапне на гробот на Гоце, со оваа порака вчера студентското друштво „Млади за Македонија“, повика на блокирање на црквата „Св. Спас“ со цел да не биде дозволено на бугарска делегација и Бугари од Македонија да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.

„Македонци, утре да го испочитуваме аманетот на Гоце, и да не дозволиме бугарската гнасна нога да стапне на гробот на Гоце! Македонци, да се собереме сложно утре од 10:30 во Црквата Св. Спас и да не дозволиме ниту еден Бугар да стапне!Ние се поклонуваме пред Гоце кај 10:30, Бугарските окупатори доаѓаат одвоено и подоцна во време кое се крие од јавноста!“, стои во објавата на „Млади за Македонија“.

Повторно вчера, од истата организација повикаа на рушење на споменикот на бугарскиот офицер полковник Константин Каварналиев кај Дојран.

Дали и како ќе реагира официјалната власт во РС Македонија на овие директни повици кон напад врз бугарски официјални лица, државјани на РС Македонија со бугарска самосвест и рушење на споменик на бугарски воен командант од Првата светска војна, останува да видиме.



Слични Објави