| |

„Ние сите сме различни, но сепак сме исти“ – хуманитарна акција на Здружението „Балкански Мост“ со помош на бугарската амбасада во Скопје

Здружението „Балкански Мост“ од Битола и оваа година активно се вклучи во поддршка на граѓанските асоцијации, продолжувајќи ја својата општествено одговорна работа. Со помош на бугарската амбасада во земјата здружението донираше детски подароци на Здружението „Невроразлични“.

Од „Балкански мост“ посочуваат дека ваквите активности се дел од нивната заложба за инклузивно општество во кое сите граѓани заслужуваат почит и внимание.

Активноста се реализираше под мотото:
„Ние сите сме различни, но сепак сме исти – ние сме деца.“

Со оваа иницијатива, „Балкански Мост“ уште еднаш ја потврди својата мисија за промовирање на солидарност, поддршка и човечност, нагласувајќи дека секое дете заслужува внимание, грижа и можност за среќно детство. Од здружението упатија благодарност до сите кои ја поддржуваат нивната работа и идејата за општество во кое различностите се прифаќаат и претставуваат вредност, а не пречка.

Слични Објави