НИКОС ВУЦИС: ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО ЌЕ БИДЕ РАТИФИКУВАН ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Вести Истакнато Македонија

Во интервју за грчката телевизија Алфа, спикерот на грчкиот парламент Никос Вуцис ја отфрли можноста спогодбата од Преспа да не биде ратификувана од страна на грчките пратеници.  Вуцис смета дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе биде претставен за гласање пред пратениците во февруари или во март и дека истиот ќе биде поддржан од јасно мнозинство. Претседателот на грчкиот парламент е дециден дека веднаш штом Македонија ги исполни сите предуслови предвидени со договорот и доколку тие се согласни со договорот, ќе дојде до ратификација и гласање во грчкиот парламент, со  мнозинство од над 150 пратеници.