„ЛУДОТО КУЧЕ“ МАТИС ВО ПОНЕДЕЛНИК ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА
Државниот секретар за одбрана на САД, Џејмс „Mad Dog“ Матис во понеделник ќе ја посети Македонија. Делегацијата на САД ќе биде свечено пречекана на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата на Република Македонија. Во склоп на посетата, Матис ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по средбата ќе има заедничка изјава во Владата на Република Македонија.