РУСКАТА ЦРКВА ЈА НАПУШТА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ЗАРАДИ УКРАИНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Вести Истакнато Свет

Руската православна црква соопшти дека нема повеќе да учествува во структурите предводени од Вселенската патријаршија во Цариград. Причина за таквата одлука е најавата на Вселенскиот патријарх да испрати двајца бискупи во Украина, потег што според Руската црква е чекор напред кон прогласување на автокефалност на тамошната црква.