СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ДОЗИ НА ВАКЦИНАТА ОД „АСТРАЗЕНЕКА“ ТАЈНО ИСПРАТЕНИ ВО АВСТРАЛИЈА

//

Стотици илјади дози на вакцината на „Астразенека“ против Ковид-19 се испратени во Австралија од Велика Британија, но тоа е премолчено за да се избегнат какви било контроверзии во Велика Британија, објави „Сиднеј морнинг хералд“.

Првите 300.000 дози од вацината произведена во Велика Британија слетале на аеродромот во Сиднеј на 28 февруари – еден месец откако Европската комисија воведе ограничувања за извоз на вакцини произведени во ЕУ, според извештајот на весникот.

Втората голема пратка пристигнала со патнички авион на компанијата „Емирати“ во март, откако Италија и Европската комисија официјално го блокираа барањето на „Астразенека“ за доставување на 250.000 дози во Австралија, додава весникот.

„Сиднеј морнинг хералд“ цитираше неидентификуван британски официјален претставник кој вели дека пратките во Австралија никогаш не биле на штета на вакцинацијата во Велика Британија, една од најбрзите во светот.



Портпаролот на австралискиот премиер, Скот Морисон, одби да го коментира написот во „Сиднеј морнинг хералд“. Друг извор изјави дека Австралија не сака да го потврди или негира написот.

„Поради интегритетот на синџирот на снабдување и националната безбедност, ние не го откриваме потеклото на одредени пратки вакцини“, рече извор кој сакаше да остане анонимен бидејќи нема овластување да зборува за тоа.

Претходна статија

НАМЕСТО ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, ДВЕ ЛИЦА ЗАТЕКНАТИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ЛАЖНИ ТЕСТОВИ

Следна статија

ЗАЕВ ЗА ЛАЖНИТЕ ПАСОШИ: НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОБВИНУВААТ ПРЕМИЕРОТ И МИНИСТЕРОТ ОТИ СПРОВЕЛЕ УСПЕШНИ АКЦИИ

Најново од Вести