НАМЕСТО ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, ДВЕ ЛИЦА ЗАТЕКНАТИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ЛАЖНИ ТЕСТОВИ

//

Наместо во самоизолација, две лица биле затекнати на скопскиот аеродром.

Како што информираат од полицијата, станува збор за А.Е.(25) и Б.Е.(26), двајцата од Швајцарија, кои поседувале и македонски патни исправи.

„При гранична контрола било констатирано дека се наоѓаат во системот за задолжителна самоизолација и поседувале невалидни негативни ПЦР тестови“, соопшти МВР.



Двајцата биле предадени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна статија

НАМЕСТО 12.000 ЕВРА, ПАЦИЕНТИТЕ КОИ СЕ ЛЕКУВААТ ОД КОРОНАВИРУС ВО „ЖАН МИТРЕВ“ ЌЕ ПЛАЌААТ ОД 6.000 ДО 8.000 ЕВРА

Следна статија

СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ДОЗИ НА ВАКЦИНАТА ОД „АСТРАЗЕНЕКА“ ТАЈНО ИСПРАТЕНИ ВО АВСТРАЛИЈА

Најново од Вести