„ПЕТРУНИЈА“ НА СЕДУМ ФЕСТИВАЛИ ВО ЈУНИ

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска влегува во седма недела на дистрибуција и ќе се прикажува во 56 киносали.

Во текот на летните месеци промоцијата на филмот низ светот се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на кинодистрибуција во многу земји. Во уни „Петрунија“ патува на седум фестивали нив целиот свет. Започнувајќи со проекција во кино „Изола“ во Словенија, која беше придружена со предавањето од Данијел Хочевар, нашиот копродуцент, за начинот на кој е создаден филмот со 5 земји во копродукцијата. Исто така, Моника Ломбер, нашиот костимограф, одржа мастер-клас за филмски костим.

Од Изола, „Петрунија“ продолжува во Артфилмскиот фестивал во Словачка од 14-22 јуни. На престижниот Филмскиот фестивал во Сиднеј заедно со тамошниот австралиски дистрибутер (Palace) ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во исклучителната главна конкуренција заедно со мајсторите на денешната кинематографија, како најновиот филм на Алмодовар и канскиот победник „Паразит“. Во исто време Теона на фестивалот ќе биде дел од жирито за краткометражен филм. На 29 јуни филмот ќе биде прикажен на Филмскиот фестивал во Единбург, а потоа „Петрунија“ патува на Интернационалниот филмски фестивал во Брисел каде што ќе биде прикажан на 28 и 29 јуни во главната конкуренција и потоа во јули и август почнува кинодистрибуцијата во Белгија.

Во јуни „Петрунија“ ќе биде прикажан на уште еден фестивал во Германија, овој пат во Манхајм, Schillertage Mannheim, од каде дистрибутерот (JIP filmverley) ја подготвува кинодистрибуцијата во оваа земја за есен.

Во јуни „Петрунија“ ќе биде и дел од најголемиот, 21. по ред, студенски фестивал во светот во Тел Авив. Теона Стругар-Митевска е поканета од фестивалот да одржи мастер-клас на филмските студенти во Израел и во нејзина чест тие прават и ретроспектива на нејзините филмови најавувајќи ја како „авангарден филмски творец и централна фигура во надоаѓачкиот постјугословенски нов бран“. Меѓу другите филмски дејци кои одржале мастер-класови на овој фестивал во минатото се и Тарантино, Ханеке, браќата Дарден, Алмодовар.

Извор: Макфакс