| |

ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ОД ШТИПСКО, СТОРИТЕЛ НА 22 ТЕШКИ КРАЖБИ

По преземени дејствија од страна на штипската полиција на 18 јануари бил уапсен 25-годишниот П.И. од селото Црвулево, општина Карбинци, поради сомнение дека е сторител на 22 кривични дела „тешка кражба“ од куќи и работни машини во селото.

Осомничениот од октомври 2020 до јануари 2021 на подрачјето на селото Црвулево, сам извршил 11 кривични дела „тешка кражба“, додека останатите 11 кривични дела ги изршил заедно со 27-годишниот О.А. од селото Аргулица, насилно влегувајќи во куќи од каде одземале најразлични предмети, работни машини и алати.

Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. Се работи на целосно комплетирање на настаните, по што против П.И. и О.А. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Слични Објави