| |

ВО БУГАРИЈА СЕ ПОЈАВИ ПРВАТА КНИГА ЗА ДЕЦА ВО КОЈА СЕ РАСКАЖУВА ЗА ИСТОПОЛНО СЕМЕЈСТВО

Во Бугарија излезе од печат првата книга за деца во која се раскажува за истополно семејство. Приказната „Мравин и планетата Гора“ е напишана од авторка со псевдоним Великан Василева, а издавач на самата книга е издаваштвото „Колибри“.

Во приказната покрај главниот лик Мравин се раскажува и за истополното семејство на мис Бумбарова и г-ца Батерфлај кои живеат заедно бидејќи многу се сакаат. Покрај нив во книгата како ликови се појавуваат и два црни машки лебеди кои исто така живеат заедно бидејќи се заљубени еден во друг.

Книгата според описот даден од самото издаваштво е наменета за деца од 3 до 6 години и има за цел да ги руши стереотипите.

Во однос на ова дело со контроверзна содржина стигнаа и првите негативни реакции од страна на европратеникот од редовите на ВМРО, Ангел Џамбаски и од кандидатот за европратеник од листата на истата партија Кристијан Шкварек.

Џамбаски преку ироничен пост објавен на социјалната мрежа facebook ја повикува јавноста да види кои невладини организации стојат позади овој проект и апелира „да се чуваат децата, бидејќи доаѓа малиот Мравин“.

Од своја страна младиот бугарски конзервативец Кристијан Шкварек, претставник на Европските конзервативци и реформатори за Бугарија со огромна доза сарказам ги прашува авторите на оваа книга и книга излезена од печат еден месец порано, во која се пишува дека и мажите можат да имаат месечен циклус, дали е можно месечните циклуси на двата машки црни лебеди да се поклопуваат.

Книгата за деца е поддржана од фондација „Сингл степ“ и Асоциација „Родители“.

Слични Објави