ШТИПСКАТА БРЗА ПОМОШ ОСТАНА БЕЗ ЦЕЛ ЕДЕН ТИМ ЗАРАДИ ПОЗИТИВЕН ДОКТОР

Лекар од Итната медицинска помош во Штип е позитивен на корона вирус. Тоа во изолација однесе цел тим, односно шестмина негови колеги, објави телевизија 24.

Од Здравствениот дом велат дека тоа засега нема да се одрази на нивната работа, епидемилозите ќе носат одлука како ќе се постапува со пациентите што имале контакт со лекарот. Тимот што сега е во изолација последен пат на работа бил во недела.

За 24 часа во Штип 12 здравствени работници заминаа во изолација, а позитивни случаи има на неколку одделенија во болницата. Вчера по еден позитивен случај и одделението за грижа на новороденчиња остана без цела смена. Од општинскиот кризен штаб апелираат сите фирми и институции каде има голема фреквенција на луѓе да постават ковид координатори што ќе вимаваат на спровдување на мерките, да нема групирања надвор и внатре во објектите  и правилно да се носи заштитнта опрема.