ПРЕДИЗБОРНО СЕ ВОВЕДУВА РЕД: ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБИТЕ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ

Во екот на туристичката сезона почна уривањето на дивоградбите изградени на охридското крајбрежје, јавува Канал 5.

loading...

Причината, локалната власт ја нотира во доследноста на препораките на УНЕСКО. Па така, отстранувањето на нелегалните објекти се со цел како што велат од општина Охрид е да се воспостави ред.


loading...

Дел од концесионерите се на ставот дека се врши селективност во рушењето, додека други дека одлуката е согласно законските прописи, други пак обвинуваат дека не им било дадена шанса да ги продолжат концесиите. Тие кои што не се согласуваат со одлуката на Владата поведоа иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата.