Утре во Истанбул нова рунда преговори меѓу Русија и Украина

/

Следната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација ќе се одржи во вторник во Истанбул, соопшти турското претседателство.

Портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин изјави за Си-Ен-Ен дека разговорите ќе се одржат во вторник.

Од кабинетот на турскиот претседател претходно беше соопштено дека Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се договориле следната рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина да се организира во Истанбул, но не беше прецизирано кога.

Главниот руски преговарач Владимир Медински претходно изјави дека страните се договориле да се сретнат и најави дека тоа ќе се случи во вторник и среда.

Сепак, украинскиот пратеник и член на преговарачкиот тим Дејвид Арахами претходно на Фејсбук изјави дека следната рунда разговори меѓу Украина и Русија „лице в лице“ ќе се одржи во Турција од понеделник до среда, пренесува Укринформ.

Турција се надева дека претстојните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина ќе доведат до мир во Украина, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.



– На иницијатива на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, преговарачките делегации на Русија и Украина ќе се сретнат во Турција. Свесни сме за одговорностите кои произлегуваат од довербата што двете страни ја имаат во Турција. Се надеваме дека средбите ќе резултираат со траен прекин на огнот и ќе овозможат мир – изјави Чавушоглу на Твитер, пренесува ТАС С.

Турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се договорија за време на телефонскиот разговор меѓу руската и украинската делегација во Истанбул оваа недела, соопшти вчера кабинетот на Ердоган.

Извор: Темите

Претходна статија

Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии

Следна статија

Двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да