РУСИЈА И ТУРЦИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА КУРДИТЕ ОД ГРАНИЦАТА СО СИРИЈА

/

Турција и Русија постигнаа, како што го нарекоа, историски договор, кој треба да ги задржи курдските сили подалеку од границата со Сирија. Тој беше постигнат за време на паузата во турската офанзива, чија цел е да се формира сигурна зона долж границата.

Договорот уследи по шестчасовниот состанок на Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во Сочи. Примирјето постигнато со посредништво на САД истече вчера попладне и Турција се закани дека ќе ја продолжи офанзивата, за потоа да соопшти дека „нема потреба од тоа“. Курдите добиле рок од 150 часови, односно до 29 октомври, да се повлечат 30 километри долж целиот фронт на реката Еуфрат, источно од градот Манбиџ.





Претходна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДВАЈЦА КУМАНОВЦИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТРГОВИЈА СО НАРКОТИЦИ

Следна статија

НАЈДЕНИ 39 ЧОВЕЧКИ ТЕЛА ВО БУГАРСКИ КАМИОН ВО ИСТОЧЕН ЛОНДОН

Најново од Вести