Двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор

/

Рано утрово двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор, направена и експлантација на коскени ткива , соопштија од Министерството за здравство.

На Клиниката за урологија, во раните утрински часови заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите. Покрај бубрезите, екипата на Клиниката за ортопедија направи експлантација и на коскени ткива.

– Двајца млади пациенти со болест на бубрезите кои беа на дијализа добија шанса за нов живот. Уште неколку пациенти со малигни болести и трауматски повреди, кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, во наредните недели ќе добијат можност да им бидат инплантирани здрави коскени ткива. Благодараност до семејството кое во своите најтешки моменти одлучи да помогне и да спаси друг живот. Сочувствуваме со нивната болка, ја почитиваме нивната одлука и благодариме за тоа што го направија. Во неделите кои се пред нас, неколку пациенти со тешка болест ќе добијат шанса за нов живот, се заблагодари министерот д-р Беким Сали.



Ова е втора трансплантација од почетокот на годинава и 12-та од мај 2020 година, откако Програмата за трансплантација на Министерството за здравство се прошири во делот на мултиорганската трансплантација.

Претходна статија

Утре во Истанбул нова рунда преговори меѓу Русија и Украина

Следна статија

(Видео) Станков: Бугарскиот народ секогаш бил на страната на правдата и вистината и секогаш им помагал на оние, кои имаат потреба

Најново од Вести