(Видео) Станков: Бугарскиот народ секогаш бил на страната на правдата и вистината и секогаш им помагал на оние, кои имаат потреба

///

Бугарскиот народ секогаш бил на страната на правдата и вистината, секогаш им помагал на оние, кои имаат потреба. Така е и денес. Oва го напиша на својот facebook профил Георги Станков, психолог и доктор по политологија еден од креаторите на подкастот „Коридор 8“, како коментар за концертот за поддршка на Украина и украинскиот народ што се одржа вчера во центарот на бугарскиот главен град Софија.

„Солидарноста на бугарското општество со Украина станува се повидлива.
Чесните луѓе кои прават разлика помеѓу Доброто и Злото се повеќе од нечесните. Едноставно, погласни се другите, странските поклоници, слугите на Империјалистот. За нив работат тролови, имаат сајтови за лажни вести, со години шират измислици и лаги. Тие не се способни да инспирираат, туку само да го поттикнат ниското во човекот – цинизмот, сарказмот, нечувствителноста кон страдањата и неправдите.
Но, тие не се мнозинство.
Бугарскиот народ секогаш бил на страната на правдата и вистината, секогаш им помагал на оние кои имаат потреба. Така е и денес“, напиша Станков, кој објави и видео од вчерашниот концерт.



Претходна статија

Двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор

Следна статија

Шпанија од денеска го третира коронавирусот како обичен грип

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да