|

Костадиновска-Стојчевска: Уметничката креативност нека биде поле за културен натпревар во кој победник е културата

Министерката за куртура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска присуствуваше на отворањето на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, каде што имаше средба со својот бугарски колега, Велислав Минеков, на која присуствуваа и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, и директорката на бугарскиот КИЦ во Скопје, Антонија Велева.

„Во новите простории на културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје посакувам да се всели нова енергија во македонско-бугарските културни релации и со убава емоција да се разбуди страста за уметничка креативност како поле за културен натпревар во кој победник е културата.

Бугарскиот КИЦ во Скопје и нашиот, македонскиот во Софија ја имаат таа цел да не поврзат едни за други и преку културата да не доближат и како народи и како пријатели. Во името на тоа пријателство, отворете ги ширум портите на културата,“ рече на отворањето министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Слични Објави