Велева на отворањето на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје: Културата е важна за зближување на двете држави
„Денеска сме сите заедно, претставници на Бугарија и Северна Македонија, да покажеме дека културата е важна, за нашите две општества и е сектор на билатералните односи меѓу нашите две држави, кој што не зближува, рече директорката на бугарскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Скопје, Антонија Велева.
„Овој центар и оваа галерија каде што се наоѓаме, претставуваат можност за претставување на голем број културни проекти со творци од двете држави. Наша желба и амбиција е КИЦ на Република Бугарија тука во Скопје да биде една од институциите со поддршка на двете министерства за култура што би создало предуслов за поблиска соработка и запознавање со претставниците на културните кругови.
Со претставувањето на бугарската култура на територијата на Северна Македонија, присуството на двајцата министри за култура и директорот на центарот се залагаат голем дел од настаните организирани во клубот, да бидат заеднички.
Кога сме заедно, ќе придонесеме за доброто и брзо запознавање на културите од двете држави. Голема благодарност до Министерството за култура на Бугарија и сите институции кои ја поддржуваат нашата дејност, секако на амбасадата на Република Бугарија со која работиме и од која имаме поддршка.
КИЦ на Бугарија планира заедно со КИЦ на Северна Македонија во Софија нов проект кој ќе се реализира кон крајот на оваа и почетокот на следната година со цел претставување млади музичари од две земји“, истакна Велева.

