СДСМ: ЕКО АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ, НОВ ЧЕКОР ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОВРЕМЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

//

Градските власти предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат да работат во интерес на граѓаните и заштитата на животната средина во главниот град, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Почетокот на процесот за набавка на нови четириесеттина еколошки автобуси на гас е нов чекор за намалување на загадувањето на воздухот, на животната средина, зголемување на ефикасноста и осовременување на градскиот певоз.

Новите еко автобуси ќе ги заменат старите дизел- автобуси, кои трошеа речиси двојно повеќе гориво, а најголемата предност е тоа што емитуваат значително помалку ЦО2 со што речиси воопшто не го загадуваат воздухот.

Истовремено, со ова градските власти го решаваат и проблемот на високи трошоци за одржување на старите и расипливи автобуси на ЈСП, со оглед на тоа дека автобусите што беа набавени пред 7 години често се расипуваа, а голем дел од нив немаа овластен застапник за нивна сервисна и техничка поддршка.

Во трансформацијата на јавниот превоз ќе бидат вклучени и приватните превозници, а предвидени се субвенции за набавка на нови еколошки автобуси, како и за адаптација на истите на еколошки гас, што е дополнителна мерка за намалување на загаденоста.



Решавањето на проблемот со јавниот превоз и намалувањето на загаденоста е еден од приоритетите на градоначалникот на Скопје но и на СДСМ како политичка опција, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Претходна статија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРОТ ПОПОВСКИ: ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА НАЈОТВОРЕНА МЕЃУ ВЛАДИТЕ ОД РЕГИОНОТ

Следна статија

ВО ЖИВО: ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА ОТКРИВА КРИМИНАЛИ ВО „СКОПЈЕ 2014“

Најново од Вести