Бугарската национална телевизија ќе емитува документарен филм за училиштето „Цар Симеон Велики“ на д-р Милен Врабевски
Бугарската национална телевизија денеска ќе го емитува авторскиот документарен филм ,, Дворци од ветар” на училиштето ,,Цар Симеон Велики” од Софија.
Филмот раскажува за тешкотиите со кои се соочуваат родителите на деца со специјални образовни потреби. Во филмот се разгледува и нивото на инклузија на образованието во Бугарија а посебно место е одделено за креираниот модел од страна на тимот на училиштето за работа со овие специјални деца.
Училиштето ,, Цар Симеон Велики” е еден од најуспешните проекти на познатиот бугарски филантроп и мецена д-р Милен Врабевски.

Основач на училиштето е сопругата на д-р Врабевски, д-р Росица Врабевска.
Д-р Врабевска во последните 20 години се занимава со научно-истражувачка наука во областа на фармакологијата. Таа дипломирала на медицинскиот универзитет во Пловдив во насока медицина а има специјализација по фармакологија во Massachusetts College Бостон, САД.
Д-р Врабевска е директор на Comac medical, член на консултативниот совет на фондацијата ,,Бугарска памет” и дел од комисијата за иновативни училишта кон Министерството за образование и наука на Р. Бугарија.

