ГДУ-КУМАНОВО СО РЕШЕНИЈА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ГРАДОТ
„Граѓани или можеби не? Култура на ниво. Ама не се криви тие. Криви сме сите ние што не реагираме. Што гледаме и молчиме, а тие се однесуваат како на имот на татко им. Само прашање е до кога?
Вчера имавме протест за загадениот воздух. Кога ќе биде за загадената вода, а кога за загадената почва? А што се случи со повикот на градоначалниот да му се дадат предлози за излез од ова безизлезна состојба?
Епа ние како Граѓанско Демократска Унија-Куманово имаме решение. Бидејќи културата ни е на ниво на култура на среден век и самосвеста кај граѓаните е целосно помрачена со себични, лични интереси, ќе мора малку повеќе репресивно да се влијае.
Кога не сака некој со мило, има да биде со сила.
Така да:
Решение бр. 1 Инспекција и полиција под итно на терен
Решение бр. 2 Казнување за уништување на животната средина
Решение бр. 3 Превенција кај младите
Решение бр. 4 Граѓански стражи и алармирање на институциите
Решение бр. 5 Целосно ангажирање на институциите и невладиниот сектор за конкретни активности за заштита на животната средина
Решение бр. 6 Краткорочни и долгорочни активности, плански осмислени, наместо стихиски реакции од време на време
Решенија има и многу други, ама треба да се има слух за истите. Не смееме само да се удираме во градите со изјави од стилот работиме, ангажирани сме. Се додека нема конкретни резултати, ништо од тоа. Така да ајде акцијата „Не биди ѓубре“ -за доброто на Куманово да биде перманентна, постојана, наместо само за одработување на државни празници на администрацијата. Од некаде мора да се почне“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.

