| |

АВСТРИЈА: УЧЕЊЕ ОД ДОМА САМО ВО РЕГИОНИТЕ СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

Австрискиот министер за образование Хајнц Фасман најави нормален почеток на учебната година, без поделба на одделенијата во помали групи и настава во смени, со следење на „корона-семафорот“.

Фасман на прес-конференцијата објасни дека настава од дома ќе се воведе само во случај на регионално зголемување на бројот на заразени, односно кога „корона-семафорот“, кој го воведе австриската влада за следење на состојбите во секоја општина, е во „црвена“ боја, пренесува „Танјуг“.

Фасман рече дека е неопходно да се добијат јасни дефиниции за тоа откога се менуваат боите на „семафорот“.

На секои три недели, како што најави Фасман, ќе бидат тестирани околу 15.000 ученици и 1.200 наставници во 250 училишта низ Австрија, со цел да се следи состојбата.



Слични Објави