| |

(Видео) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести во Скопје, РС Македонија и Бугарија обединети ќе продолжиме да одиме напред

Зад антибугарската хистерија во Република Македонија – протестите и предлогот за референдум за укинување на Договорот за пријателство со Бугарија – стои Русија која долго време работи на дестабилизација на регионот.

Нема враќање назад во бугарско-македонските односи, со ваша помош ќе го спроведеме францускиот предлог и ќе станеме членка на Европската унија.

Ова специјално за БГНЕС го изјави поранешниот македонски премиер Владо Бучковски.

Бучковски истакнува дека Москва нема интерес од стабилност во земјите од Западен Балкан. Тој потсети дека Бугарија на почетокот на летото протера 70 руски дипломати и дипломатски персонал од руската амбасада во Софија, додавајќи дека и РСМ протера неколку руски дипломати.

„Не е тајна дека Русија долго време работи за дестабилизацијата на земјите од Западен Балкан“, потенцира поранешниот македонски премиер.

Тој е убеден дека тие во РСМ сфатиле што може да предизвика најмногу емоции, а тоа се бугарско-македонските односи.

„Зад протестите и зад желбата за одржување референдум стои руското влијание. Порано или подоцна тоа ќе стане многу појасно“, потенцира Владо Бучковски, додавајќи дека „не само партијата Левица е дел од ова сценарио“.

Тој го изрази своето задоволство што Бугарија и РСМ ги одржуваат добрите односи.

Пријатно сум изненаден што и на официјално ниво во времето кога премиери беа и Кирил Петков и Бојко Борисов, како и неколкуте преодни влади, одржувавме добри односи“, рече Бучковски, прецизирајќи дека тоа било многу корисно особено по агресијата на Русија против Украина.

На прашањето дали по прифаќањето на францускиот предлог влегуваме во нова фаза на билатерални односи, Бучковски истакна: „Отсекогаш сум бил оптимист за бугарско-македонските односи. Нема враќање назад, ќе одиме само напред. Имаше проблеми, останавме заглавени на едно место, но никогаш не се вративме. Ќе продолжиме да одиме напред“.

Тој, како и актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски, е убеден дека „РСМ со бугарска поддршка ќе го спроведе францускиот предлог и ако даде Господ во 2030 година ќе биде дел од ЕУ“.

Сепак, Бучковски предупредува дека работите не можат да се сменат преку ноќ. Тој смета дека во иднина Заедничката историска комисија полесно ќе ги најде заедничките личности кои не обединуваат.

„Убеден сум дека обединети ќе продолжиме да одиме напред“, изјави Владо Бучковски.



Слични Објави