Оваа недела во Кинотека на Македонија ќе се одржи 8-то издание на фестивалот за етнографски филм ЕТНОФФ

//

На 25.09 (недела) во Кинотеката на Македонија со почеток од 12 часот ќе се одржи 8то издание на фестивалот ЕТНОФФ, меѓународен фестивал на етнографскиот филм. Од Непал, преку Таџикистан до Исланд и Португалија, па потоа повторно во Скопје, на ова издание ќе бидат прикажани 14 етнографски филмови.

Етнографскиот филм е важен документ за општественото секојдневие, постојано некаде помеѓу документарец и истражување, тие се нашата можност да ѕирнеме во она што не дефинира како човештво. На овој фестивал ќе можат да се видат филмови кои зборуваат за „Хималајското злато“, печурка која вирее и се бере во најодалечените Непалски Хималаи, зошто близнаците се симбол за несреќа во Мадагаскар и која е општествената „казна“ за тоа, приказ на занаетчиството преку рацете и работата на повозразен пар на хрватските острови, но и домашни, локални приказни претпочени во визуелен приказ.

Фестивалскиот ден ќе биде поделен на два филмски блока, едниот со почеток во 12ч, а другиот со почеток во 16:30ч. По завршувањето на проекциите со почеток од 20:30ч фестивалот ќе биде затворен со музичка програма со настап на групата Чалгии Мерак. Влезот на фестивалот е бесплатен.

Целта на овој фестивал е да овозможи простор каде овој тип на филм ќе и се презентира на јавноста а преку тоа да се осознае и неговата важност, но и да инспирира. Исто така, ваквите фестивали се полезни за да се покаже дека формата и содржината на етнографскиот филм може да биде особено флуидна и да се презентираат нови пристапи кон етнографското истражување и документирање, стои во соопштението на организаторите на фестивалот.





Претходна статија

(Видео) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести во Скопје, РС Македонија и Бугарија обединети ќе продолжиме да одиме напред

Следна статија

Приведен 20-годишен струмичанец, превезувал седум лица мигранти од Сирија

Најново од Вести