ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 5 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА
Земјотрес со јачина од 5.0 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутринава во Грција, јужно од островот Идра. Земјотресот бил почувствуван околу 9:27 часот.
Епицентарот бил во морскиот дел, 49 километри југоисточно од островот Идра, на над 100 километри од Атина. Нема информации за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
